Телефон : +389 2 2403 411 // Е-маил : info(at)amo.com.mk

Визи

Визи

Прописи на Австралија за миграција од 1994 година, со Распоредот 1 сите визи се поделени во 4 категории:
- Трајни визи
- Привремени визи
- Визи за поврзување
- Визи за заштита
Овие категории понатаму се поделени во поткатегории.

Трајни визи

Носителите на визи за постојан престој (трајни визи) ги добиваат речиси истите права како за еден австралиски државјанин. Тие имаат право да се населат во Австралија постојано и да заминат и да се вратат во Австралија без ограничување во рок од 5 години од денот на доделувањето на визата.
Странските кандидати за виза за постојан престој генерално се пријавуваат под Категоријата за квалификувани. Други популарни трајни визи се визите за брачен другар, семејство и визите со номинација од работодавец.

Привремени визи

Виза за привремен престој вообичаено го подразбира патувањето до Австралија за лица кои не ги исполнуваат критериумите за трајна виза, или кои не сакаат трајно да останат во Австралија. Носителите на привремени визи може да имаат различни ограничувања поврзани со нивниот престој во Австралија - на пример, немаат дозвола за работа или носителот на визата мора да ја напушти Австралија пред утврдениот датум.

Визи за поврзување

Визата за поврзување претставува поседување привремена виза која се доделува на одредени лица кои не се државјани во Австралија, а кои се во Австралија, чија виза генерално е истечена, а кои се во очекување на исходот од апликацијата за друга категорија на виза, со намера да се даде законски статус на тоа лице додека неговата апликација е во постапка.

Визи за заштита

(Исто така познато како Програма за бегалци и хуманитарна програма)
Австралија обезбедува хуманитарна помош за лица кои имаат потреба во странство за кои единствената опција што ја имаат на располагање е преселувањето во друга земја, доколку мораат да избегнат злоупотреба на човековите права. Помошта се обезбедува врз основа на обврската на Австралија кон Конвенцијата на ОН за бегалци, а особено Конвенцијата за бегалци од 1951 година и Протоколот за бегалци од 1967 година.
Конвенцијата го дефинира бегалецот како некој кој:
- е надвор од својата држава или неговата/нејзината вообичаена земја на живеење, и
- не е во можност или не сака да се врати или да побара заштита од таа земја поради добро основан страв од прогонување врз основа на раса, вера, националност, припадност на одредена социјална група или политичко мислење.
Визите за заштита може да му дадат на бегалецот статус за постојан престој или за привремен престој од 3 години, доколку бегалецот влегол во Австралија незаконски или со лажни документи, за кое време тој или таа можат да аплицираат за трајна виза за заштита.

Закажете бесплатна консултација





на почеток