Зошто нас?
Зошто да користите регистриран агент за миграција?
Правилата за имиграција на Австралија се сложени и се предмет на чести промени. Ако одлучите да составувате апликација за виза, агентот регистриран за миграција во Австралија може целиот процес да го направи полесен и поефикасен. Кога ќе соработувате со надлежен, искусен и чесен агент за миграција, ги зголемувате своите шанси за успешен исход. Заштедувате многу време, бидејќи агентот ќе ја преземе одговорноста во следењето апликацијата да биде подготвена правилно и да бидат обезбедени вистинските документи.
Агентот ќе се следи со канцеларијата за обработка по поднесувањето за да се минимизираат одложувањата и да се усогласат барањата на документација. Агентот, исто така, редовно ќе Ве известува за статусот на апликацијата и за сите релевантни промени во законодавството или политиките кои би можеле да влијаат на исходот на Вашиот случај.
Сите агенти кои работат во Австралија мора да бидат регистрирани при Управата за регистрација на канцеларии на миграциски агенти (ОМАRА). Управата за регистрација на канцеларии на миграциски агенти (ОМАRА) го обврзува регистрираниот миграциски агент со Кодекс на однесување, а агентот соодветно се квалификува за да обезбеди квалитетна услуга. Тие исто така мора да се во согласност со законската регулатива, специјално изготвена за заштита на потенцијалниот мигрант.
За да биде регистриран, агентот мора да биде способен да покаже солидно знаење на имиграциската политика и процедура. Според упатствата на Управата за регистрација на канцеларии на миграциски агенти (ОМАRА) регистрираните агенти мора да завршат курсеви за Континуиран професионален развој (CPD) секоја година пред повторно да се регистрираат.
Што да очекувате од миграцискиот агент
Миграциските агенти регистрирани во Управата за регистрација на канцеларии на миграциски агенти (ОМАRА) е потребно да имаат солидно познавање на законот за миграција и постапката и да се придржуваат на Кодексот на однесување.
Сите миграциски агенти кои се регистрирани во ОМАРА:
- мора да ги известат клиентите за сите трошоци кои се вклучени со нивната апликација и очекуваното време потребно за извршување на услугата
- мора да ги информираат клиентите за напредокот на нивната апликација
- да ги обезбедат клиентите со писмена потврда за вкупните трошоци на нивната апликација и сите чекори од процесот мора да бидат документирани
- мора да ги чуваат како доверливи сите информации за клиентите
- не смеат да прават барања кои ќе водат во погрешна насока поради што ќе зависи успехот на апликацијата.
Регистрираните миграциски агенти се должни да Ве обезбедат со копија на информации за регулирање на професијата на агентот за миграција, што Ви дава основни информации за заштита на потрошувачите.
Види: Информации на ОМАРА за регулирање на професијата на агентот за миграција
https://www.mara.gov.au/media/95420/Code_of_Conduct.pdf
Зошто да користите компанија каде миграциските агенти се исто така членови на Институтот за миграција на Австралија (МИА) и/или Миграциската Алијанса?
Вредна втора заштита претставува ако миграцискиот агент е член и на Институтот за миграција на Австралија (МИА) и/или Миграциската Алијанса. Овие професионални тела имаат свои кодекси на однесување на кои мора да се придржуваат сите членови. Овие тела ја претставуваат индустријата на професијата за миграциски консултантски услуги во Австралија и се признати како такви од страна на Секторот за доселеништво на Австралија. Членувањето на Вашиот агент во Институтот за миграција на Австралија (МИА) и/или Миграциската Алијанса Ви дава дополнителна заштита.
Што е со нерегистрираните вонтериторијални агенти?
Ве молиме запомнете дека ако соработувате со нерегистриран вонтериторијален агент преземате реален ризик. Овие лица не се одговорни пред никој австралиски орган за своите постапки и не мораат да покажат никакво знаење за австралиската политика и процедури за миграција.