Телефон : +389 2 2403 411 // Е-маил : info(at)amo.com.mk

Студентска виза за Австралија 2026: Комплетен водич за македонски студенти

Студентска виза за Австралија 2026: Комплетен водич за македонски студенти

Комплетен водич за студентска виза за Австралија 2026. Професионална помош од Дејан Трајковски (MARA лиценца) за совет за виза, подготовка на апликација и застапување. Студирајте и работете во Австралија легално.

Дејан Трајковски (лиценциран агент за миграцијаза Австралијасо 20-годишна MARA лиценца) може да ви помогнена следниве начини:

  • Совет (Advice) – Стручни насоки за пронаоѓање на соодветно училиште и програма, кои најдобро одговараат на вашите цели и лични околности.
  • Подготовка на апликација (Application Preparation) – Целосен упис до избраното училиште и целосно комплетирање и поднесување на вашата апликацијадо Department of Home Affairs, со гаранција дека секој документ е точен, валиден и целосен.
  • Застапување (Representation) – Комуницираме со Department of Home Affairs во ваше име, управувајќи со сите известувања и кореспонденција.

Студентска виза за Австралија 2026: Што значи новиот Genuine Student (GS) критериум за вас?

Австралија во 2026 година става силен акцент на квалитетот на образованието преку новиот Genuine Student (GS) критериум. Сега е пресудно да се докаже дека вашата примарна намера е стекнување знаење, а соодветната документација е клучот за позитивен одговор.

Клучни барања за студентска виза (Subclass 500)

1. Добивање на CoE (Confirmation of Enrolment)

Вашиот процес започнува со официјална потврда за запишување од акредитиран австралиски универзитет или колеџ.

2. Доказ за англиски јазик (IELTS, PTE или TOEFL)

Барањето за познавање на англискиот јазик во 2025 се зголеми. Ние ќе ве насочиме кој тест најдобро одговара на вашиот профил за да го извлечете максимумот.За максимална сигурност, потребни ви се високи резултати на IELTS,PTE Academicили друг тест.

3. Финансиска стабилност и Здравствено Осигурување

Мора да поседувате доказ за доволно средства за школарината и животните трошоци, како и задолжителното Overseas Student Health Cover (OSHC), здравствено осигурување за целото времетраење на престојот.

Работа во Австралија со студентска виза

Студентската виза не е само за учење,таа Ви овозможува и право да работите легално до 48 часа во две недели.Тоа е одличен начин да се интегрирате во австралискиот пазар на труд и да стекнете искуство кое ќе ви биде од огромна корист по дипломирањето.

Од студент до постојан престој (Permanent Residency)

По завршувањето на студиите, многумина се одлучуваат за Temporary Graduate Visa (Subclass 485). Ова е мостот кон собирање поени за Skilled 189/190/491 визите и крајната цел – постојан престој во Австралија.

Најчести грешки за австралиски студентски визи

Најголемиот ризик е слушањето на „совети од пријатели кои веќе поминаленекоја процедура за виза“. Имиграционите закони постојано се менуваат. Со нашата професионална поддршка, ги избегнувате критичните грешки во документацијата кои можат да доведат до одбивање на визата.

Не тапкајте во место. Дознајте веднаш какви се вашите шанси за студирање во Австралија во 2026 година.

КЛИКНЕТЕ ТУКА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ЕВАЛУАЦИЈА ОД ДЕЈАН ТРАЈКОВСКИ

Закажете бесплатна консултација





на почеток