Партнер виза за Австралија
Партнер виза за Австралија: Професионална помош со документи и сигурен пат до постојан престој.
Во рамки на партнер миграционата шема постојат три главни визи:
- Onshore Partner виза (подкласи 820/801)
- Offshore Partner виза (подкласи 309/100)
- Prospective Marriage виза (подкласа 300)– позната и како вереничка виза
Овие визи опфаќаат:
- Венчани партнери
- Верени партнери
- Вонбрачни партнери (вклучително и истополови врски)
Процес на апликацијата кај партнер визата
Апликацијата за партнер виза се одвива во две фази:
1. Привремена виза
Во првата фаза се издава привремена партнер виза која најчесто важи околу 2 години. Во овој период, врската помеѓу партнерите се следи и проценува.
2. Постојан престој (PR)
По истекот на периодот, доколку врската продолжува да биде автентична и стабилна, се одобрува постојан престој. Во одредени случаи (долгогодишна врска, брак или заедничко дете), постојаната виза може да биде одобрена и порано.
Што добивате со партнер визата?
Со добивање на постојан престој во Австралија добивате:
- Право на живеење во Австралија
- Неограничено право на работа
- Пристап до образование
- Medicare здравствен систем
- Можност за австралиско државјанство
Зошто е важна професионална помош?
Партнер визите се детални и бараат силна документација која докажува вистинска и континуирана врска. Многу апликации се одбиваат поради недоволни докази или неправилно подготвени документи.
Токму затоа, професионална евалуација од лиценциран експерт е клучна за успех.
Лиценциран миграциски експерт
Во процесот ве води Дејан Трајковскилиценциран и регистриран миграциски агент со долгогодишно искуство во австралиската имиграција.
Неговата експертиза опфаќа детална анализа на секој случај, подготовка на документација и стратешко водење низ целиот процес, со цел максимална шанса за одобрување на визата.
Работата се изведува во рамки на Australian Migration Office, со целосна транспарентност и професионален пристап.
КЛИКНЕТЕ ТУКА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ЕВАЛУАЦИЈА ОД ДЕЈАН ТРАЈКОВСКИ


