Најчести грешки при аплицирање за австралиска партнер виза: Како да избегнете одбивање?
Искористете ја можноста за бесплатна консултација и дознајте која виза најмногу одговара на вашиот профил, како и какви се вашите реални шанси за одобрување.
Имиграциските службеници имаат задача да утврдат дали вашата врска е „вистинска и континуирана“. Најмалото сомневање или техничка грешка може да доведе до одбивање на апликацијата, што значи губење време, пари и непотребен стрес.
Еве кои се најчестите грешки што ги гледаме во пракса и како да ги избегнете.
1. Недостаток на „докази за заеднички живот“
Една од најчестите причини за одбивање е неуспехот да се докаже дека парот навистина живее заедно како едно домаќинство.
- Грешката:Испраќање само неколку заеднички фотографии. Фотографиите се само додаток, а не суштина. Службениците бараат „меѓузависност“ (финансии, заеднички договори, обврски во домаќинството)
- Решението:Обезбедете широк спектар на докази:
заеднички договори за изнајмување, различни сметки за комуналииедниот плаќа едни а другиот плаќа други комуналии, изводи од банка со полномошнои докази за социјални активности.
2. Неконзистентни изјави и „човечка грешка“
Вашата изјава за развојот на врската е клучна.
- Грешката:Различни верзии на истата приказна помеѓу партнерите. Мали несовпаѓања во датумите на важни настани, адреси или клучни детали се аларм за службениците и веднаш предизвикуваат сомнеж во автентичноста на врската.
- Решението:Синхронизирајте ги фактите. Бидете искрени, прецизни и детални во описот на вашата историја.
3. Занемарување на здравствените и карактерните барања
Често се заборава дека партнер визата не е само докажување на љубовта.
- Грешката:Неуспех при медицинските прегледи или неоткривање на претходни кривични прекршоци. Исто така, вашата претходна имиграциска историја (на пример, ако претходно сте пречекориле време на престој во Австралија) секогаш е под лупа.
- Решението:Бидете транспарентни. Секој документ мора да биде точен, а преводите на сите документи кои не се на англиски јазик мора да бидат направени од овластен преведувач.
4. Недостаток на докази за социјално признавање
Австралиската имиграција сака да види дека вашето семејство и пријателите ја признаваат вашата врска.
- Грешката:Недостиг на официјални изјави од трети лица (Form 888) или недостатокна докази за заеднички социјален живот.
- Решението:Обезбедете изјави од пријатели кои се австралиски државјани или постојани жители, кои можат да потврдат дека вашата врска е реална и позната во општеството.
Зошто да ја доверите вашата апликација на професионалци?
Процесот за партнер виза не е само пополнување формула - тоа е изработка на силен правен случај. Еден пропуст може да го блокира вашиот процес со месеци или години.
Дејан Трајковски е лиценциран миграциски агент (MARN 0601356) и ја води агенцијата Australian Migration Office. Со законско овластување за директно застапување пред австралиските имиграциски власти, Дејан нуди единствена предност во застапувањето на вашиот случај, обезбедувајќи стратегија која ги идентификува „црвените знамиња“ и ги минимизира ризиците од одбивање.
Не ја оставајте вашата иднина на случајноста.
Искористете ја можноста за бесплатна консултација и дознајте која виза најмногу одговара на вашиот профил, како и какви се вашите реални шанси за одобрување.
👉 Направете го првиот чекор: Потполнете го краткиот прашалник на линкот, и нашиот тим ќе ве контактира со детален план за следните чекори: https://info.amo.com.mk/viza-za-avstralija


